ФК Аеродром го реотвори новото современо фудбалско игралиште

November 2, 2024
2 mins read

Фудбалскиот клуб Аеродром денеска официјално го реотвори новото фудбалско игралиште, кое е лоцирано во непосредна близина на основното училиште „Александар Македонски“ во Ново Лисиче. По девет месеци напорна работа, овој современ фудбалски терен конечно е подготвен да ги прими сите љубители на фудбалот и спортската рекреација. Покрај новото современо игралиште, беше промовирано и новото лого на ФК Аеродром, а беше презентирана и новата маскота на клубот, наречена Дромко.

Настанот, кој се одржа под слоганот #СекогашСпремни, беше збогатен со присуството на Министерот за спорт, Борко Ристовски и в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, кои со поздравни говори официјално го отворија новото фудбалско игралиште на ФК Аеродром. Официјалниот дел беше пропратен со изведба на химната од нашата позната пејачка Сара Мејс, а за музичка поддршка беше задолжен и DJ Мац. Слоганот #СекогашСпремни го одразува духот на ФК Аеродром – секогаш подготвени за нови предизвици, спортски победи и заеднички успеси.

Министерот Ристовски, од името на Министерството за спорт изрази гордост за новиот проект, истакнувајќи ја неговата важност за младите и развојот на спортот во Општина Аеродром.

„Ми претставува огромно задоволство што зaедно ќе го отвориме ова ново фудбалско игралиште, кое не е само спортски терен, туку е простор за развој, дружба и остварување на соништата на многу млади таленти. Ова игралиште е од голема важност за локалната заедница и за нашата иднина, како и за идните млади спортски таленти. Со ова придонесуваме младите да имаат можност да тренираат, да ги развиваат своите способности и да учат во тимска работа и дисциплина. Јас како министер за спорт, целосно сум посветен на тоа да го поддржиме спортот на локално и на национално ниво. Овој проект е само еден од многуте кои ќе ја унапредат спортската инфраструктура во нашата земја. Посебно ми е драго што денеска, со отворањето на ова игралиште, правиме важен чекор напред за младите од општина Аеродром и за сите љубители на фудбалот“, изјави Министерот за спорт, Борко Ристовски.

Вршителот на должноста градоначалник на Општина Аеродром, Дејан Митески, го изрази задоволството од збогатувањето на општината со новиот спортски центар и ја нагласи важноста на поддршката за спортот и младите таленти.

„Ми претставува големо задоволство што денеска присуствувам на овој свечен настан. Фудбалскиот терен на кој се наоѓаме доби нов cjaj, а нашата Општина се збогати со уште еден модерен и современо уреден спортски центар. Упатувам голема благодарност и искрени честитки до ФК Аеродром, од каде со голема посветеност работеа на овој проект и создадоа уште едно место на кое аеродромци ќе можат да спортуваат и да се дружат. Особено сум среќен што нашиот Аеродром продолжува достојно да го носи епитетот – на спортска Општина. Сигурен сум дека токму од тука ке излезат нови спортски таленти кои ќе jа претставуваат Македонија на светските терени и за кои сите заедно гордо ке навиваме“, истакна в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

Двочасовниот настан беше исполнет со забава и активности за сите возрасти, меѓу кои и специјален натпревар во кој учествуваа познати личности, како и возбудлив детски турнир на кој младите фудбалери за првпат имаа можност да го испробаат новиот терен.

Новото игралиште, покрај редовните активности, ќе биде достапно и за изнајмување и за организирање натпревари, што го прави одлична локација за сите спортски ентузијасти во Општина Аеродром.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Герасимовски на Школата за женски активизам: Левицата секогаш вложува во женското лидерство

Следно

Мисајловски: Воените хеликоптери М-8 кои беа на ремонт во Чешка пристигнаа во Македонија

Latest from Blog

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,
Go toTop