Финска: Националната коалициска партија победи на парламентарните избори

1 min read

ХЕЛСИНКИ (АА) – Либерално-конзервативната Национална коалициска партија (Кокоомус) победи на неделните парламентарни избори во Финска, според резултатите по преброени речиси 99 отсто од гласовите, пренесува Анадолу.

Јавниот сервис „YLE“ објави дека партијата, предводена од Анти Петери Орпо, освоила 20,8 отсто од гласовите и обезбедила 48 места во Парламентот, десет повеќе отколку на изборите во 2019 година.

Десничарската популистичка Партија на Финците (ПС) освои 20,1 отсто од гласовите или 46 пратенички места.

Социјалдемократската партија (SDP) на актуелната премиерка Сана Марин заврши на третото место, освојувајќи 19,9 отсто од гласовите, обезбедувајќи 43 места во Парламентот.

Партијата на аграрниот центар претрпе голем пораз, освојувајќи 11,4 отсто од гласовите, односно осум места помалку од последните избори во 2019 година, додека Левата алијанса освои 7,1 отсто од гласовите.

Партијата на зелените освои седум отсто од гласовите или 13 мандати.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

По обработени 81 отсто од гласовите во Бугарија, коалицијата на Борисов води со два отсто пред онаа на Петков

Следно

„Комунална хигиена“ со засилени активности за време на викендот

Latest from Blog