Фахретин Алтун повика на глобална борба против терористичката организација ФЕТО

1 min read

АНКАРА (АА) – Шефот на Канцеларијата за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, истакнувајќи дека терористичката организација ФЕТО е „глобална терористичка организација“, повика на глобална борба против неа, јавува Анадолу.

Говорејќи на Симпозиумот за меѓународна борба против ФЕТО, во Анкара, Алтун рече дека поддршката и бранењето на терористичка организација „само ќе го разгори огнот на глобалниот тероризам“.

„Денес гледаме дека ФЕТО е земена под крилата на Западот, исто како што е заштитена и терористичката организација ПКК/ПЈД. Круговите што наводно ја промовираат како лице на умерениот ислам се обидуваат да ја скријат антидемократската, тоталитарна и терористичка природа на ФЕТО“, рече Алтун.

ФЕТО стои зад неуспешниот обид за пуч во Туркије на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а 2.734 беа повредени.

ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на свои приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.

Директорот за комуникации истакна дека ФЕТО е радикална терористичка организација и дека ги користела своите „милитанти за да се инфилтрира во стратегиските институции на државите и да ја искористат националната и моралната чувствителност на земјата“.

Нагласувајќи дека е неопходно да се набљудуваат и испитаат сличните терористички организации – култови, кои се појавија низ светот за подобро да се разбере ФЕТО, Алтун рече дека „апокалиптичните верувања на овие култни терористички организации водат до катастрофални последици доколку не се преземат мерки на претпазливост“.

Алтун нагласи дека Туркије продолжува со борбата против ФЕТО „непрекинато и одлучно, не само дома туку и на меѓународната сцена“.

Тој истакна дека турското Министерство за правда побарало екстрадиција на 1.022 припадници на организацијата од 109 држави, додека турската фондација Маариф презела над 220 училишта во 19 држави од терористичката организација.

Турската Национална разузнавачка агенција (МИТ) ја осигури екстрадицијата на над 100 припадници на ФЕТО во земјата, додаде Алтун.

Тој вети дека ќе продолжат напорите додека последниот припадник на ФЕТО не биде повикан на одговорност.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Прво прскање против комарци во Скопје 12.4.2023

Следно

Џо Бајден и Риши Сунак се состанаа во Белфаст

Latest from Blog