Ерменија со беспилотни летала ги нападна азербејџанските позиции на границата

1 min read

БАКУ (АА) – Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека ерменските сили со беспилотни летала ги нападнале азербејџанските позиции на границата, јавува Анадолу.

Наведено е дека ерменската војска околу 07:15 часот по локално време со беспилотни летала ги нападнала позициите на азербејџанската војска во правец на населбата Јелиџе, во провинцијата Келбаџар.

Потврдено е дека нема жртви и дека азербејџанската војска возвратила.

Односите меѓу поранешните советски републики Ерменија и Азербејџан се тензични од 1991 година, кога ерменската војска го окупира Нагорно-Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан.

Азербејџан во 2020 година ослободи неколку градови и над 300 населби и села претходно окупирани од Ерменија, а борбите завршија со договор со посредство на Русија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

На 47 години почина поетот и актер Марко Петрушевски

Следно

ВИДЕО: ФИФА го претстави логото за Мундијалот во 2026 година

Latest from Blog