Еден осомничен за полов напад во Скопје

January 26, 2025
1 min read

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 21-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил други полови дејствија кон 19-годишна девојка, односно кривично дело од член 186 став 7 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈОРМ, на 14 јануари девојката влегла во трговски центар и додека плаќала на една од касите ја забележал осомничениот кој пазарел во истата продавница. Ја следел извесно време додека девојката влегла во зграда во близина на трговскиот центар. Во влезот ја нападнал и започнал да ја допира. Жртвата се спротивставила и почнала да вика, по што осомничениот ја ослободил и избегал. Полицијата го пронашла и го лишила од слобода неколку дена подоцна.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница, обврска осомничениот да се јавува кај определено службено лице во судот и забрана да се приближува или да воспоставува контакти со жртвата.

Судот донесе решение со кое ги определи мерките за обезбедување.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Ѓоковиќ објави доказ за повредата: За сите спортски „експерти“… (ФОТО)

Следно

Во Турција уапсени 15 лица поради пожарот во ски-центарот Карталкаја

Latest from Blog

Отворени се сите избирачки места во трите општини во Југоистокот каде се избира градоначалник во втор круг

Сите избирачки места во трите општини во Југоистокот-Валандово, Конче и Дојран се отворени утрово во 7 часот, а право на глас во овие општини имаат вкупно 16 366 граѓани, кои треба да

Ново Мексико е првата американска држава, каде ќе има бесплатна грижа за децата

Според новата програма, семејствата можат да добијат владини ваучери за да помогнат во покривањето на трошоците за грижа за децата, без разлика дали се во јавни или приватни институции, објави Ројтерс. Мерката
Go toTop