Дури 48,3 отсто од Бугарите поддржуваат коалиција меѓу Петков и Борисов

1 min read

Тесна е разликата помеѓу коалициите што ги предводат Петков и Борисов, покажуваат проекциите на резултатите

Дури 48,3 отсто од бугарските граѓани поддржуваат коалиција меѓу првите две партии на денешните избори.

Ова го покажуваат резултатите од анкетата што ја направи бугарската агенција „Алфа рисрч“ на прашањето „Дали поддржувате коалиција меѓу првите две партии доколку не можат самостојно да формираат влада?”, јавува БНТ.

Дека не поддржуваат, пак, одговориле 32,5 отсто од анкетираните.

Дека не можат да кажат рекле 19,2 отсто.

Првите две партии, како што покажуваа анкетите пред изборите, но и проекциите на резултатите по денешното гласање, се коалициите предводени од двајцата поранешни премиери: Кирил Петков, чија партија Продолжуваме со промените (ПП) на изборите настапи заедно со Демократска Бугарија (ДБ), и Бојко Борисов од ГЕРБ, кој традиционално настапи во коалиција со СДС.

Двајцата се во тесна трка за првото место. Според излезната анкета на агенцијата „Тренд“, ПП-ДБ освоиле 26,9 отсто од гласовите, а ГЕРБ-СДС 26,7 отсто.

Тесна е разликата и за третото место. Националистичката Преродба има 12,9 отсто, а веднаш зад неа е ДПС со 12,3 отсто.

Петта е Бугарската социјалистичка партија (БСП) со 10,5 отсто.

Блиску до прагот од четири отсто потребни за освојување пратенички мандати е Има таков народ (ИТН) со 3,8 отсто.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Блинкен побара итно ослободување на новинарот на „Волстрит журнал“, Лавров бара случајот да не се политизира

Следно

Исклучително тесна изборна трка во Финска: Десничарската опозиција на Орпо со мала предност пред социјалдемократите на премиерката Марин

Latest from Blog