До Управниот суд стасана една тужба од ВЛЕН, тужби има и ДУИ за сите седум избирачки места каде е поништено гласањето

May 16, 2024
1 min read

До Управниот суд до денеска до 11 часот е пристигната една тужба против одлуката на Државната изборна комисија од Коалицијата Влен за Парламентарните избори 2024. Тужбата, според информации на МИА, се однесува на одлуката на ДИК за гласањето во долна Бањица, гостиварско. Претпладнево тужба против одлуката на ДИК ќе биде упатена до Управниот суд и од ДУИ за сите седум места каде што е поништено гласањето. 

На веб – страната на Управниот суд е објавено дека ја известува јавноста дека синоќа во 22:33 часот, по поднесена тужба од Коалиција Влен на Парламентарните избори 2024 против Одлука на Државна Изборна Комисија УП1 бр.10-14 од 14.05.2024 година, оформен е предмет УРП.бр.86/2024. По поднесената тужба, Управниот суд ги презема сите процесни дејствија согласно роковите определени во Изборниот законик. Крајниот рок за овој предмет истекува на полноќ. 

Државната изборна комисија ќе ги чека решенијата на Управниот суд, но исто така утре ќе треба да почне да се подготвува за прегласувањето што треба да се одржи во среда на 22 мај. 

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф

Следно

Како една пукнатина во украинските редови го отвори патот за руската армија

Latest from Blog

Келог: Ако Путин дојде во Истанбул, доаѓа и Трамп

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, пензионираниот генерал Кит Келог, изјави дека САД се надеваат дека Владимир Путин ќе дојде на преговорите во Истанбул. Ако тоа се случи, рече

Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот

Меѓународниот аеродром во Тирана, чии услуги  ги користат голем број македонски државјани објави „итно известување“ за патниците кои треба да патуваат на 15 и 16 мај. Раководството на аеродромот ги советува патниците

Прва вечер Евровизија 2025 со многу спектакл, Хрватска и Словенија не се пласираа во големото финале

Спектакуларно започна првата вечер на Евровизија 2025. Презентери на Евровизија 2025 се Хејзел Бругер и Сандра Студер. Хејзел е швајцарско-американска поетеса, а Сандра е швајцарска ТВ водителка и пејачка, која ја претставуваше

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата. Во рамки на седницата, како што соопштија, Извршниот комитет го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,
Go toTop