Директорот на Клиничкиот центар на Србија: Двајца ученици и наставничката се стабилни, третиот ученик е подобар, но сепак критичен

2 mins read

Што се однесува до четвртиот пациент, тој дојде со тешки, сложени, прострелни повреди на градниот кош, вратот и кичмата, имаше две операции. Тој е подобар, буден е, но мора да бидеме многу претпазливи. Денеска ќе имаме серија контролни прегледи и снимки за да ги видиме ефектите од операциите, изјави д-р Ашанин

Директорот на Клиничкиот центар на Србија, Милика Ашанин, утрово изјави дека состојбата на двајца ученици и наставничката по историја, ранети во пукањето во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград и сместени во Ургентниот центар, е многу подобра, дека се стабилни и будни и дека лекарите разговарале со нив. Третиот ученик исто така е буден, но неговата состојба се уште се смета за критична.

„Што се однесува до четвртиот пациент, тој дојде со тешки, сложени, прострелни повреди на градниот кош, вратот и кичмата, имаше две операции. Тој е подобар, буден е, но мора да бидеме многу претпазливи. Денеска ќе имаме серија контролни прегледи и снимки за да ги видиме ефектите од операциите“,

изјави д-р Ашанин за РТС.

Инаку, утрото по страшниот настан во ОУ „Владислав Рибникар“, голем број граѓани дојдоа уште еднаш да им оддадат почит на загинатите ученици со палење свеќи, јавува Нова.рс.

Синоќа неколку илјади луѓе се собраа пред српското Министерство за образование. Дел од гневните учесници на протестот се изјаснија дека нема да мрднат од пред зградата на Министерството и побараа оставка од министерот за образование Бранко Ружиќ.

На Врачар и на Цветниот плоштад, граѓаните им оддадоа почит на жртвите, положувајќи цвеќе, палејќи свеќи и оставајќи играчки.

Почит на жртвите се оддаваше и на Плоштадот на слободата во Нови Сад, каде исто така излегоа голем број граѓани.

Тринаесетгодишниот К.К. ученик во „Владислав Рибникар, во средата околу 8 часот со пиштол застрела и убид осум ученици и вработен во обезбедувањето на училиштето. Во пукањето се ранети уште шестмина ученици и наставничка, кои со тешки повреди се пренесени во Клиничкиот центар на Србија, каде на дел од нив се извршени оперативни зафати.  

Осомниченото момче, како што соопшти полицијата, подолго време го планирало нападот. Имал список со имиња и скица, која како што рекоа од полицијата, изгледала како да е од видео-игра или хорор-филм. 

Момчето само се јавило во полиција и пријавило дека пукало, имало список и план, објави српското МВР

Оружјето со кое пукал малолетникот го зел од својот татко, а во ранецот му биле пронајдени и четири молотови коктели.  

Од Вишото јавно обвинителство (ВЈО) Белград соопштија дека осомничениот не подлежи на кривична одговорност бидејќи станува збор за малолетник кој сè уште нема наполнето 14 години.  

Обвинителството од Белград: Момчето не може кривично да одговара, нема наполнето 14 години

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вонредна прес-конференција меѓу другото рече дека до Владата ќе предложи 10 мерки, од кои една е да се ревиридира старосната граница за кривична одговорност од 14 на 12 години.  

Вучиќ предложи мерки по трагедијата на Врачар: Да се намали старосната граница за кривична одговорност од 14 на 12 години 

Поврзани вести:

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Изречени 199 казни за еден ден во Скопје

Следно

Клоп: Чиста мрежа за Ливерпул е реткост оваа сезона

Latest from Blog