Диди ќе остане в затвор еден месец подолго

November 14, 2025
1 min read

Имено, проблематичната некогашна музичка ѕвезда требаше да биде ослободен на 8 мај 2028 година, но новиот датум на ослободување од Федералниот затвор во комплексот Форт Дикс во Њу Џерси, сега е 4 јуни 2028 година, според „Пејџ сикс“ (Page Six).

Причината за продолжувањето на казната официјално не е соопштена. Но, оваа одлука доаѓа откако Диди привлече внимание со гласините за кршење на неколку затворски правила. Минатата недела, на пр.,  „Ти-ем-зи“ (TMZ) објави дека Комбс „имал проблеми со затворските службеници“, поради поседување и консумација на „домашен алкохол“ направен од ферментиран шеќер, сок и јаболка.

По обвинувањата, гласноговорникот на Комбс изјави дека музичарот е сосредоточен на прилагодување, работи на себе и се труди кон подобрување секој ден.

– Како и со секоја позната личност во нова средина, ќе има многу гласини и претерани приказни за време на неговиот престој таму – повеќето од нив неточни. Ве молиме луѓето да му дадат доверба, приватност и време да се фокусира на неговиот личен раст, додаде тој.

Кратко потоа, „Си-би-ес њуз“ (CBS News) објави дека имал троен телефонски повик, што е забрането. Раперот се бранеше тврдејќи дека не бил свесен дека „повиците од трети страни или тринасочните разговори не се дозволени“ бидејќи не му бил даден прирачник со правила во затворот.

Шон Комбс е во затвор од неговото апсење во септември 2024 година.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Ѓорѓиевски: Буџетот е консолидиран, Скопје добива нови проекти

Следно

Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол со најголем дневен промет

Latest from Blog

Меџити најавува зајакнување на деловната соработка со Турската стопанска комора во Македонија

Градоначалникот на Општина Чаир и коалициски лидер во Владата, Изет Меџити, денес оствари средба со делегација од Стопанската комора Македонија–Турција (МАТТО), составена од Фатих Шахбаз, Ајдован Адемоски, Имер Селмани и Шахпаз Молалиев.

Клиничката болница во Штип воведува најсовремениот метод за пренатален скрининг за трудници

Клиничката болница – Штип од понеделник воведува најсовремен метод за пренатален скрининг – брз, безболен и сигурен тест за рано откривање на индивидуалниот ризик кај трудниците и можни генетски аномалии кај плодот.
Go toTop