Денеска започнува шестото издание на Андерфест во МКЦ Скопје

November 1, 2024
1 min read

Музичкиот фестивал Андерфест ќе се одржи денеска со почеток од 20:00 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во музиката од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава.

За шестиот Андерфест организаторите најавија шест добро познати бендови кои ќе ја размрдаат публиката во Денсинг салата на МКЦ. На Андерфест 6 ќе настапат: Миа Перевска, Стефан Петановски, Basement Cult, The Mole Pack, Fiction, и Foolish Green.

Еден од врвните приоритети на фестивалот сеуште е да ги мотивира младите уметници да продолжат да креираат нови музички дела со кои ќе ги покажат своите големи таленти и вештини и воедно ќе ја промовираат нашата музичка култура и вон границите на нашата држава.

Продажбата на карти за фестивалот e започната и истите можете да ги набавите во билетарата на МКЦ или преку следниот линк https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1408

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Почина Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци

Следно

„Владата ќе се стреми кон тоа учениците да поминуваат повеќе време во училиштата“, рече министерката Јаневска

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не
Go toTop