Децата од градинката „Буба Мара“ беа во посета на Општина Аеродром

1 min read

Утрово во посета на Општина Аеродром беа дечињата од детската градинка „Буба Мара“, кои на градоначалникот Тимчо Муцунски му ја претставија својата изработка на дрво создадено од пластични капачиња.

-Тие земаа учество во проектот „Патоказ за еко-паметна општина“ кој Центарот за климатски промени со поддршка на Амбасадата на САД го спроведува во Општина Аеродром.

Едукацијата за здравата животна средина неопходно е да започне од најрана возраст и во таа насока ние во континуитет даваме поддршка за проектите и активности кои се насочени кон подигнување на свеста за дечињата за здрава, одржлива и чиста животна средина, информираат од општина Аеродром.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

ДА ДЕЛУВАМЕ СПЛОТЕНО ВО ИНТЕРЕС НА УМЕТНОСТА, ВЕЛИ ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЏЕЗ МУЗИЧАРИ ОТКАКО КОЛЕГИТЕ ОД ФИЛХАРМОНИЈА КАЖАА ДЕКА НЕ САКААТ ДА ГО ДЕЛАТ ОБЈЕКТОТ СО НОВИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР

Следно

Москва: Русија ќе го зајакне својот воен потенцијал како одговор на членството на Финска во НАТО

Latest from Blog