Дачиќ: Министерот за образование е подготвен да поднесе оставка, но тоа нема да го реши проблемот

3 mins read

Дачиќ, кој е актуелен координатор на безбедносните служби и поранешен министер за внатрешни работи, рече дека во тоа училиште имало училиштен полицаец и приватно обезбедување ангажирани од училиштето, но тоа не било доволно

Министерот за образование Бранко Ружиќ е подготвен да поднесе оставка доколку има негова индивидуална одговорност за нападот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Дачиќ додаде дека оставката на министерот за образование нема да придонесе за решавање на проблемот.

„Мислам дека сега е сосема релативно прашање дали министерот Ружиќ ќе поднесе оставка или не… Тоа сигурно нема да придонесе за тоа дали општеството сериозно ќе се занимава со ваков тип на проблеми, бидејќи ова се случува еднаш во 10, 20, 30 години. Овде сега се поставува прашањето дали тоа ќе се повтори, дали некој ќе го копира“,

изјави Дачиќ за ТВ Хепи.

Според него, се работи за проблем со содржина која може да се најде на интернет и на социјалните мрежи, како и проблем на општеството во целина, со кој сите мора сериозно да се занимаваат.

„А што ако Ружиќ поднесе оставка? Што решивме? Би разбрал дека се работи за пропуст кој е индивидуално поврзан со одредена личност“,

рече Дачиќ.

Дачиќ, кој е актуелен координатор на безбедносните служби и поранешен министер за внатрешни работи, рече дека во тоа училиште имало училиштен полицаец и приватно обезбедување ангажирани од училиштето, но тоа не било доволно.

„Едноставно, не може сето тоа да се покрие во толкава мера за да се спречат вакви случаи“,

нагласи тој.

Тој наведе дека е потребно да се утврди фактичката состојба, односно што се случило во тој конкретен случај, како и што треба да се направи за да се дојде до општествена вредност која би го отфрлила ваквото однесување и би го демотивирало извршувањето на ваквото кривично дело.

„Сега сигурно ќе има преиспитување на одредени закони“,

додаде Дачиќ.

Синоќа неколку илјади луѓе се собраа пред српското Министерство за образование. Дел од гневните учесници на протестот се изјаснија дека нема да мрднат од пред зградата на Министерството и побараа оставка од министерот за образование Бранко Ружиќ.

На Врачар и на Цветниот плоштад граѓаните им оддадоа почит на жртвите положувајќи цвеќе, палејќи свеќи и оставајќи играчки.

Почит на жртвите се оддаваше и на Плоштадот на слободата во Нови Сад, каде што исто така излегоа голем број граѓани.

(ФОТО) Илјадници граѓани во Белград и Нови Сад им оддадоа почит на жртвите од трагедијата во Врачар  

Тринаесетгодишниот К. К., ученик во „Владислав Рибникар“, во средата околу 8 часот со пиштол застрела и уби осум ученици и вработен во обезбедувањето на училиштето. Во пукањето се ранети уште шестмина ученици и наставничка, кои со тешки повреди се пренесени во Клиничкиот центар на Србија, каде што на дел од нив се извршени оперативни зафати.  

Осомниченото момче, како што соопшти полицијата, подолго време го планирало нападот. Имал список со имиња и скица, која, како што рекоа од полицијата, изгледала како да е од видеоигра или хорор-филм. 

Момчето само се јавило во полиција и пријавило дека пукало, имало список и план, објави српското МВР

Оружјето со кое пукал малолетникот го зел од својот татко, а во ранецот му биле пронајдени и четири молотови коктели.  

Од Вишото јавно обвинителство (ВЈО) Белград соопштија дека осомничениот не подлежи на кривична одговорност бидејќи станува збор за малолетник кој сè уште нема наполнето 14 години.  

Обвинителството од Белград: Момчето не може кривично да одговара, нема наполнето 14 години

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на вонредна прес-конференција меѓу другото рече дека до Владата ќе предложи 10 мерки, од кои една е да се ревидира старосната граница за кривична одговорност од 14 на 12 години.  

Вучиќ предложи мерки по трагедијата на Врачар: Да се намали старосната граница за кривична одговорност од 14 на 12 години 

Поврзани вести:

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Зеленски го повтори повикот за формирање меѓународен трибунал за Русија

Следно

Претседателот Пендаровски одбил да ги помилува Катица Јанева, Владимир Панчевски и Сеад Кочан

Latest from Blog