Брза пруга Скопје–Солун како нова туристичка и економска шанса, вели Николовски

November 12, 2025
2 mins read

Во подготовка сме за градење на брза пруга од Скопје до Солун, на вчерашната седница на Владата усвоена е одлука за урбанистичко решение на локалитетот Стоби, се отвараат нови винарии во Тиквешијата. Целта ни е да ја олесниме и изградбата на нови хотели и  да ги задржиме туристите кои транзитираат низ Коридорот 10 или официјално Е-75, порача денеска вицепремиерот и министер за траснпорт и врски  Александар Николоски на панел дискусијата во рамките на конференцијата „ Е 75 –Основа за развој на креативен туризам и негова одржливост“.

На панел дискусијата се обрати и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков кој истакна дека Е-75 ги поврзува северот со југот, градовите со малите заедници, луѓето со нивните соништа. Но, како што рече, прашањето е дали навистина го гледаме потенцијалот што се крие по овој автопат.

-Јас сум убеден дека секој километар од овој пат носи во себе можност за нова соработка, ново партнерство и нов развој. Секое мало место, секој локален занает, секој ресторан или кафуле што со гордост ја раскажува својата приказна се дел од една поголема слика, туристичка приказна што може да ја раскажеме надвор од границите на нашата земја. Тоа е нашата автентичност, нашата сила и нашата шанса. Замислете турист кој застанува во едно од тие места, пробува локален специјалитет или дегустира некоја автохтона сорта вино, разговара со занаетчијата и продолжува понатаму во добро расположение. Тоа е вистинската моќ на Е-75 – да ги поврзе луѓето и да отвори нови можности, рече Љутков.

Министерот за култура и туризам посочи дека за да го претвориме овој потенцијал во успешна приказна, потребно е да се размислува пошироко, односно како да се интегрираме туристичката понуда по должината на автопатот или како да се создаде синергија меѓу транспортот и туризмот.

– Зашто само кога патувањето станува доживување, а движењето инспирација, можеме да зборуваме за вистински креативен и одржлив туризам. Во тој контекст беше и работилницата за развој на креативен туризам што се одржа во текот на вчерашниот ден, од која произлегоа идеи за начините како домаќинствата во руралните и во урбаните средини да ја збогатат својата туристичка понуда. Тоа е нашата цел – да создадеме Коридор каде што инфраструктурата и туристичката понуда се дел од истата приказна,  бидејќи креативниот туризам не е само посета на музеј или археолошки локалитет, тој е учество, интеракција, споделување на културата и традицијата, посочи Љутков.

Тој додаде дека целта на настанот е да се  разменат идеи, да се  поттикнат партнерства и да се најде заеднички начини за Е-75 да отвори конкретни можности за локалниот развој, за нови бизниси, за културна и гастрономска размена; за секоја општина, секој град и секоја локална заедница по должината на  овој автопат да може да ја препознае својата уникатност и да ја претвори во туристичка вредност за поврзување на локалните производители, угостители, занаетчии и институции во заедничка понуда што ќе ја прикаже  нашата земја на еден нов, автентичен начин.

-Знаете, транспортот и туризмот се две страни на една монета затоа што транспортот може да ја носи економијата, но туризмот ја носи душата на едно место. А кога овие две сили ќе се здружат, тогаш се создава одржлива енергија што го движи целиот регион напред, потенцира Љутков.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Гумен чамец со мигранти потона кај Либија – загинаа 42 лица

Следно

Државата им подготви вртоглави парични награди за плеј-оф, но тоа не е ништо ако одат на СП

Latest from Blog

Папата ги собира холивудските ѕвезди во Ватикан: Објави кои се неговите четири омилени филмови (ВИДЕО)

Во рамките на прославата на јубилејот на Римокатоличката црква, кој се одржува на секои 25 години, папата Лав Четиринаесетти в сабота ќе пречека десетици актери и режисери на собир под назив „Светот

Дијамантот „Мелон блу“ продаден за 21 милион евра на аукција

Оваа луксузна уметност на природата со десетлетија ѝ припаѓала на Рејчел Ламберт Мелон (1910 – 2014) – позната и како Бани, американска хортикултурна инженерка, филантроп и колекционерка на уметнички дела, можеби најпозната

Се напил кафе со неа, ја заклал и го измил ножот: Воен пензионер од Ниш брутално си ја убил сопругата

Воениот пензионер М.Р. (75) од Доњи Матејевац, кој беше уапсен на 22 јули годинава под сомнение дека ја избодел сопругата М.Р. (74), го сторил делото поради ментална болест од органско нарушување со

Анчелоти: Сите во Бразил сакаат да го видат Нејмар во врвна форма

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Анчелоти, по којзнае кој пат откако ја обавува оваа функција беше запрашан околу ситуацијата со Нејмар и неговото мислење за легендарниот фудбалер. „Воопшто не ми
Go toTop