Бројни навивачи на Лацио уапсени во Неапол

1 min read

Навивачите на римски Лацио повторно дивееја, овој пат пред, за време и по одигрувањето на натпреварот против Наполи во Неапол поради што полицијата многумина од нив уапси.

Лацио вчера во воведниот натпревар од 25 коло во Серија А го совлада водечкиот Наполи со 1-0, но дамка на победата фрлија хулиганите на римскиот клуб.

Гостинските навивачи честопати за време на натпреварот фрлаа чадни бомби, петарди и други пиротехнички средства. Во инцидентите за време на натпреварот настрада момче, навивач на Наполи, кој со сериозни повреди на рацете е пренесен во болница.

Полицијата на трибините приведе тројца навивачи на Лацио, а органите на редот имаа полни раце работа со гостинските навивачи пред и по завршување на натпреварот.

Италијанските медиуми јавија дека се уапсени 18 лица поради поседување дрога, а уште десетина други се приведени поради непримерно однесување, фрлање шишиња врз автобусот на Наполи и физички напади врз други лица.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Сојуз на земјоделски здруженија: Да не се потпишуваат договорите за новата реколта тутун без зголемување од 20 насто

Следно

ЕУ најави формирање Центар за процесуирање на руското „злосторство на агресија врз Украина“

Latest from Blog