Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, упати честитка по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј.
Во својата порака, таа истакна дека овој датум е празник на писменоста, знаењето и духовната светлина, како и симбол на почит кон делото на светите браќа, кое оставило трајна трага во историјата на словенските народи и европската цивилизација.
Божиновска нагласи дека нивната мисија е длабоко вградена во јазикот, културата и идентитетот, истакнувајќи дека македонскиот јазик денес е рамноправен дел од светското јазично семејство.
Таа порача дека зачувувањето и унапредувањето на културното и историското наследство е заедничка обврска, при што посебна надеж положи во младите генерации како носители на иднината.
„Делото на Светите Кирил и Методиј нека продолжи да нè обединува, да нè води и да нè инспирира“, порача Божиновска.

