Блинкен: Конспиративни обиди од Русија да ја дестабилизира владата во Молдавија

1 min read

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен по средбата со молдавската претседателка Маја Санду на маргините на 59-та Минхенска безбедносна конференција изрази загриженост за „конспиративните обиди кои доаѓаат од Русија за дестабилизација на владата во Молдавија“.

Тој рече дека ги цени напорите што земјата ги прави за да се заштити. САД цврсто стојат со Молдавија во поддршка на нејзината безбедност, независност, територијален интегритет и напорите за реформи што ги преземаат претседателката и владата, соопшти Стејт департментот.

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, им се заблагодари на Соединетите Американски Држави за сеопфатната помош што земјата ја добива „во соочувањето со тешките предизвици во енергетиката, економијата и безбедноста“, се додава во соопштението.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Уапсени татко и син од Скопје за семејно насилство

Следно

Мехмет Оз, познатиот турско-американски лекар и политичар, ги посети преживеаните од земјотресот во Туркије

Latest from Blog