Баба од Данска е осудена на условна затворска казна откако нејзината ќерка пријавила во полиција дека објавила фотографии од породувањето на социјалните мрежи без дозвола.
Се работи за фотографии на кои се гледа не само новороденчето, туку и мајката за време на самото породување, кои првпат се појавија на Фејсбук во ноември, а повторно неколку години подоцна, кога детето веќе било во прво одделение.
Мајката била шокирана кога видела објави со натпис „Моето прво внуче“ бидејќи никогаш не очекувала дека приватните моменти од породилната сала ќе завршат јавно.
Според данската ТВ 2, бабата го снимала породувањето додека била во породилната сала, и објавила четири фотографии на интернет без согласност на нејзината ќерка. Откако мајката побарала отстранување на содржината, фотографиите биле отстранети, пишува Дејли Меил.
Но, кога бабата дознала дека пријавата може да доведе до кривична постапка, ги објавила повторно истите фотографии, по што нејзината ќерка поднела официјална пријава до полицијата за нарушување на приватноста.
Случајот потоа стигна до Окружниот суд во Оденсе, каде што бабата, иако не присуствуваше на судењето, беше осудена на 14 дена затвор условно. Покрај тоа, ѝ беше наредено да ѝ исплати на ќерка си околу 1.200 евра отштета.
Ова не е прв ваков случај во Европа. Во 2020 година, холандски суд пресуди против баба која објави фотографии од своите внуци без дозвола од родителите. Во двата случаи, судовите заклучија дека фотографиите биле објавени на поширока публика и дека тие претставуваат повреда на приватноста на децата и родителите.
Извор: kurir.mk


