Асфалтирање улици, нови пешачки патеки… Костовски најави градежна офанзива во Бутел

1 min read

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски при гостувањето во утринската програма на „ТВ Телма“ зборуваше за актуелните проекти и новата градежна офанзива која ќе ја има општината.

– Асфалтирање на нови улици, нови спортско рекреативни центри, нови пешачки патеки. Ќе продолжиме и со големи инвестиции и во образованието. Мојот главен фокус меѓу големиот број на проекти ќе е и изградба и уредување на речното корито на река Серава, кажа Костовски.

Градежната офанзива ќе почне кога ќе дозволат временските услови.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Приватните автобуски превозници најавуваат нови блокади

Следно

Спалети по дуелот со Рома: Вакви натпревари се добиваат само со покажување волја за победа

Latest from Blog