Ангелевска: Суштината на се што се случува е дека власта нема стабилно мнозинство, ако некој требаше да се разрешува тоа е премиерот

1 min read

Суштината на се што се случува овие последни две недели е дека власта нема стабилно мнозинство и затоа се случува оваа драмолетка. Велите не е математика, но е чиста математика, меѓу Ковачевски и Алијанса, факт е дека немате 61 пратеник, немате мнозинство и нема изјава каде не викате ВМРО-ДПМНЕ кочи. Не кочи ВМРО-ДПМНЕ, туку немате мнозинство, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Ангелевска на денешната собраниска седница.

– За вас политиката е само математика и дозволивте во овие тешки времиња на енергетска и економска криза да се занимавате која позиција кому ќе припадне, истакна таа.

Ангелевска додаде дека предлогот на премиерот е едно ливче со три имиња да бидат разрешени.

– Нема образложение како сработиле, дали сработиле, дали ги исполниле очекувањата, ниту пак премиерот во експозето спомена нешто за овие тројца министри. Дел од министрите беа убедени да дадат оставка, едниот убаво си кажа дека е пазар 3 коалиција. Бидејќи сега зборуваме за Беким Сали кој се уште е министер за здравство, сакам да потсетам како премиерот злоупотребуваше ситуацијата со недостигот на лекот трикафта и прераната смрт на еден битолчанец. Викаа за 30 дена ќе биде набавен, а жално е како се користеше ситуацијата за лукративни цели да се натера министерот да прифати вина, нагласи таа.

Ангелевска потсети дека министерот реагираше дека не може да премолчи и дека министерството испратило до владата за средства за набавка на лекот, и дека покрај барањето ниту владата ниту премиерот не одличија да се обезбедат средства.

– Ако некој требаше овде да се разрешува требаше премиерот сам да си даде оставка, изјави Ангелевска.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Столтенберг: Шведска и Финска веднаш треба да се интегрираат во НАТО

Следно

Тензии во и протест пред албанскиот Парламент

Latest from Blog

КОЛКУ ПАРИ ТОЛКУ МУЗИКА, НО НЕ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ: Поранешната кошаркарка се соблака на „Онлифанс“ за да го прехрани синот, порано продавала облека, но не било доволно!

Милица Дабовиќ некогаш беше позната како успешна кошаркарка на српската репрезентација, но денес нејзиниот живот доби

УЕФА ја казни Барселона

Европската фудбалска централа (УЕФА) ја казни Барселона поради расистичките испади на нејзините навивачи во Париз за