Андоновска: Функциите претставуваат одговорност и патриотизам, се случуваат кадровски освежувања

March 13, 2026
1 min read

Минатиот месец, Марија Андоновска беше реизбрана за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Си постави задача да работи посветено, одговорно, да се работи на градење на држава и институции кои ќе им служат на граѓаните.

Во интервју за КУРИР одговара на прашањето што за неа претставува оваа функција.

-Функциите се минливи и менливи. Најважно е да оставите дела позади себе. За мене функцијата претставува само одговорност. Некој ќе си помисли дека функцијата е само привилегија. Не. Функцијата претставува одговорност. За мене функцијата претставува патриотизам. Патриотизам без разлика на политичката припадност, без разлика на верска, национална припадност. Патриот значи да си ја сакаш државата, а да си ја сакаш државата не треба да остане декларативно туку да работиш за таа држава, да работиш за граѓаните, посочи Андоновска.

Во рамки на кадровските освежувања кои ги најави владејачката партија, се избираат и нови претседатели на УМС, УЖ, Унија на ветерани, како и на партиските комисии и општинските комитети. Ја прашавме какви луѓе очекува да бидат поставени на овие места и каков придонес од нив се очекува?

-Добро што спомнавте кадровски освежувања, за да не бидеме сфатени погрешно. Бидејќи во изминатиов период, во континуитет, на сите овие позиции кои се менуваа лица или ќе се изберат, работеа луѓе кои ја добија довербата на граѓаните. Тие беа носители на одредени промени, носители на листи кои што истапија со одредени ветувања и проекти и ја добија довербата од граѓаните. Не би сакала да се сфати дека некој во моментов би можел да биде сменет од причина што не бил добар. Станува збор за кадровски освежувања секогаш треба да има дури и кога некој е најдобар во она што го работи, треба во одреден период да се промени бидејќи луѓето сакаат промени кои одат уште повеќе на подобро. Завршија огласите, во однос на комисиите, општинските комитети, УМС, УЖ и Унија на ветерани. Во процедура се одредени интервјуа кои се прават со кандидатите. Понатаму ќе следи уште еден процес на филтрација односно на разгледување на кандидатите. Она што го очекувам е дека како во најмала рака ќе  бидат како нивните претходници и ќе придонесат за поголемо унапредување на сите процеси, не само во партијата туку ќе бидат двигатели и иницијатори на многу процеси кои треба да следат во државата, рече Андоновска.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Tрендафилов: Иако протестите беа организирани на претходната влада, новата го одби предлогот

Следно

Дубаи од туристички рај се претвори во град на духови

Latest from Blog

Меџити: Пешачки и велосипедски патеки за поголема мобилност на „Ферид Мурад“

Работите на улицата „Ферид Мурад“ продолжуваат со стабилна динамика, а проектот добива јасна форма на терен, кои денес одблизу ги проследи градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити. Досега се поставени и

Страмер: Уморен сум од влијанието на Трамп и на Путин врз трошоците за енергијата во мојата држава

Стармер, во интервју за Ај-Ти-Ви, рече дека порастот и падот на цените на енергенсите зависат од постапките на лидери како што се американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. „Уморен

27.000 лица одбиени на влез во ЕУ поради нов систем за гранична контрола

Од моментот кога минатата година во октомври започна постепеното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија, на повеќе од 27.000 лица им е ускратен влез во блокот, информираше денеска
Go toTop