Анчелоти: Можеше многу подобро од ова

1 min read

Карло Анчелоти запиша нова победа над Челси во Лигата на шампионите и ја одбрани тврдината наречена „Сантијаго Бернабеу“, но сепак Италијанецот не беше комплетно задоволен од изданието на тимот.

– Најдобар натпревар сезонава? Можеше подобро од ова, особено во последната третина на теренот. Можевме да носиме подобри одлуки и да имаме подобри комбинации во завршницата од акциите.Секако дека му забележав на Винисиус, но тоа е нормално. Понекогаш не ја носи најдобрата одлука на теренот, го имаше Карим слободен со додавање. Како и да е, тој повторно беше одличен, постојано трчаше и беше важен во победата. Не почнавме добро, но потоа одлично го диктиравме темпото и го контролиравме мечот. Сега преостанува да се бориме и на вториот меч и да ја потврдиме победата. Треба да изиграме како што игравме вечерва, има уште 90 минути и треба да бидеме подготвени за борба и страдање, – заврши Карло.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

ЛШ: Елмас и Наполи доживеаа минимален пораз од Милан, Реал убедлив против Челси

Следно

(ФОТО) Тревога во Јапонија: Северна Кореја истрела нов проектил

Latest from Blog