Албанскиот парламент го потврди четвртиот мандат на Еди Рама: Целта ми е членство во ЕУ до 2030.

September 18, 2025
1 min read

Рама, единствениот кандидат за премиер, доби поддршка од 82 од 140 пратеници, објави Ројтерс.

Неговата Социјалистичка партија освои четврто последователно мнозинство на парламентарните избори одржани во мај.

„Албанија 2030 во ЕУ е централен дел од овој мандат. Европска Албанија е водечки принцип за секој аспект од нашата програма и метроном за ритамот на секоја реформа“, им рече Рама на пратениците.

Како што објави Ројтерс, угледот на Албанија е нарушен од корупциски скандали, а аналитичарите предупредуваат дека земјата останува „центар за криминални групи кои перат пари од трговија со дрога и оружје, што го отежнува пристапувањето во ЕУ“.

Во обид да одговори на критиките, Рама минатата недела назначи бот генериран од вештачка интелигенција по име Диела, што значи „Сонце“, да управува и доделува јавни тендери на приватни компании во обид да се справи со корупцијата.

„Не сум тука да ги заменам луѓето, туку да им помогнам“, рече Диела во видео обраќање пред гласањето за новата влада.

Опозицијата го нарече потегот неуставен бидејќи ботот нема државјанство и може да биде злоупотребен.

„Овој мандат се заснова на криминал, корупција, дрога и кршење на Уставот и законот“, рече лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, исто така критикувајќи го недостатокот на дебата пред гласањето.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Алкалоид, Комерцијална и Макпетрол со најголем промет, МБИ10 во минус

Следно

Во Италија споделувањето на фотомонтажи создадени со ВИ е казниво дело

Latest from Blog

ВИДЕО: Трамп повторно вели дека го решил конфликтот меѓу Албанија и „Абербајџан“

Американскиот претседател Доналд Трамп се обрати на медиумите по средбата со британскиот премиер Кир Стармер. Тој зборуваше за своите успеси во завршувањето на војните низ целиот свет. Повтори дека го решил конфликтот

Деветмина кандидати за градоначалник на Струга и 10 советнички листи

Деветмина кандидати за градоначалник на Општина Струга и 10 листи за советници ќе учествуваат на локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври, потврди Општинската изборна комисија. Во трката за градоначалник

Фото: Трета среќа за Ријана, музичката ѕвезда повторно ќе се оствари како мајка

Оваа информација не би била толку изненадувачка ако пејачката не испрати, навидум, прилично јасна индикација за полот на бебето во својата најнова објава. Имено, Ријана позираше за насловната страница на познатото списание

Во Италија споделувањето на фотомонтажи создадени со ВИ е казниво дело

Италијанскиот Парламент одобри нов рамковен закон за вештачка интелигенција, со кој дистрибуцијата на фотографии или видеа создадени со помош на вештачка интелигенција (ВИ) без согласност на прикажаните лица ќе биде казниво со

Алкалоид, Комерцијална и Макпетрол со најголем промет, МБИ10 во минус

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 18 септември 2025 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,21%, достигнувајќи ниво од 10.441,42
Go toTop