Теодосиевски: Евтин третокласен балкански хорор филм

December 9, 2025
4 mins read

Просто е неверојатно до кои и какви перверзни демагогии може да стаса македонскава „либерална“ политика и нејзината верна сенка викана „пајтон интелигенција“. Подготвени се и Нечестивиот да го прогласат за Господ само ако тоа би им наштетило на нивните политички противници кои тие ги гледаат како непријатели. Низ „нишан“ – на перото или камерата, зборот или сликата. Не смее добра вест да прелета а да не е отстрелана, уште помалку прашинка од сомнеж да падне на „нивните“ соцреалисти преоблечени во социјалдемократи, пишува Златко Теодосиевски за ПЛУСИНФО. А најмалку на „партијата“ им – онаа што ги згрижуваше толку децении, ги оставаше лежерно да си го тераат животецот одработувајќи по нарачка секакви глупости, да глумат експерти за демократија и политички аналитичари, да продаваат магла на секое пишливо ќоше викано медиум…, а со една цел: во секоја реченица да се излее понижувањето на политичкиот непријател, во секој збор да се плукне по другиот!

Врвот, ако воопшто го има, е немото распуштање на целиот извршен одбор (малите букви се…) на куќниот совет што глумеше партија! Сите тие се виновни за катастрофалните состојби во „партијата“, освен неприкосновениот „лидер“. И сите тие – заменик претседателка, потпретседатели, генерален секретар, организациски секретари, како и сите членови на Извршниот одбор – молчаливи како риби (да не речам кленови!) си поднесуваат оставки! Безгласно, немо, таинствено…, како во некој евтин третокласен балкански хорор филм. Во којшто, покрај нив како главни актери, значајна улога има и нивниот дел од „јавноста“ – сосе кукавичко молчаливиот хор на „пајтон интелигенцијата“, разбира се – зашто така наредил „газдата“! Машала. И тие ја подучуваа(т) јавноста што е демократија а што автократија.

И историјата ќе раскажува: прво беше партија, па сојуз, па спадна на секта и куќен совет… за сега да остане само трговец-поединец!

Ама затоа, колку за некаков дефокус – иако од ова тешко дека ќе можат некого да дефокусираат – се нарачуваат и добро плаќаат други „теми“. На пример за „ломотењето“ на власта. Што пак дури е и разбирливо: навикнати се шушумигите на молк и шифрирани пораки од штабот, така живееле цел живот, па и спиеле со едно око и едно уво ширум отворени за инструкциите на шефовите. А им недостасуваат и оние приказни од српските пазари и велелепните „бисери“ на индијански англиски и шатровачки српски. А сега, одеднаш, некој се осмелува компетентно да говори, да аргументира критериуми, да го спомнува Кант наместо „Калениќ пијаца“…, да ги посочува криминалите на нивните газди, дури и да бара отчет и одговорност, па и да информира за казните што следат за такви недела. Ама тоа било „атак врз јавноста“, како тоа за нивните газди некој се осмелува да употребува грди зборови. Тоа, замислете, ја иритирало и амбасадорката на САД, вели македонскава „пајтон интелигенција“ која одеднаш се трансформира во нејзин телохранител.

А таа, по којзнае кој пат го прашува истото: каде се потрошиле половина милијарда долари дадени за реформи во судството, а речиси ништо не е направено тоа да функционира независно! Не разбирам зошто не му прати депеша на пазарџијана во Дубаи со истото прашање? Па белки Агенцијата може да ја најде тезгата на којашто тој сега продава? А впрочем, божем ние не знаеме кога, кои и како ги „реформираа“ тие пари!

Но, се разбира, целта на загриженава „пајтон интелигенција“ е неупатениот граѓанин да се запраша кога и каде оваа власт за година и половина потроши толку пари и како успеа од онакво независно да направи вакво целосно зависно судство!? И наместо да се занимава со нивни партиски јавни обвинители и судии кои цели шест години држат предмети во фиоки, Владата требала да обезбеди непречено и самостојно функционирање на институциите  на системот. И замислете кога некој ова би го разбрал сериозно и би го вратил целиот „систем“ на тоа „функционирање“ што они ни го оставија? Каков хаос би владеел во државава!?

Затоа сега пречи и системот „Безбеден град“ зашто се обидува во наследениот хаос да стави барем некаков ред. Ама редот бил не во „Безбеден град“ туку во „Умен град“. Забораваат дека не можеш да имаш умен ако немаш безбеден град. Или добро знаат, затоа и им пречи? Подобар им беше хаосот? Во него можеш да бидеш кој сакаш, да се претставуваш како сакаш – најчесто како демократ во автократска облека – и да дивееш како и кога сакаш. И каде сакаш, а најчесто по улиците и институциите. А тие тоа одлично го правеа. Затоа ова им пречи!

Дури има и такви неуки „општествено-политички работници“ кои се осмелуваат да прават божем цинични споредби со Србија и Вучиќ односно дека ние имаме „цела глутница од мали вучичи“, па уште и да ги „објаснуваат“ настаните по настрешницата во Нови Сад итн. И, се разбира, секогаш глумат дека забораваат на социјалдемократското легло зајци што пустошеа низ Македонија. А што се однесува до компарирањето на Нови Сад и Кочани, повторно божем забораваат на модуларната болница во Тетово, на „Дурмо турс“, на автобусот во Бугарија…, што вкупно, за жал, ја надминува дури и бројката во кочанската трагедија. А го забораваат и третото место на Македонија во светот по бројот на КОВИД жртвите! И што требаше ние да направиме во онаа 2024 година? Да излеземе со суроици на улица и да ги гониме оние суртуци социјалдемократи? Па можеби тука и згрешивме, а?

Зашто, она што го добивме од нив беше рецепт на чиста автократија односно тоталитаризам преоблечен во социјалдемократија наметната со народен гнев. Ништо во државава не чинеше – тие ќе ни покажеа што и како треба да се прави. И – ни покажаа. Меѓу нив и овој веќе сериозно проблематичен Филипче, заостанат од таа криминогена „елита“ која овие „интелектуалци“ ја слават! Тие ќе ни покажеа што е демократија – но селективна, што е политика – но пазарџиска, што е морал – но криминален…  Е па – ни покажаа!

Но запрепастува оваа „идеолошка“ зависност на дел од македонската (наводна) интелигенција, оваа нивна партократска подмитливост контра вистината. Зашто, токму тоа е суштинската задача и одговорност на интелигенцијата: да ја насочуваат власта и јавното мислење кон вистината! Како оваа македонска интелектуална булумента ќе го прави тоа кога е сраснат дел од една власт, па нека е и бивша, ако е зависна од нејзината моќ (или немоќ, седно), ако треба да е еден важен двигател во контролните механизми и наметнувањето на вистинските вредности но не може да се одлепи од некогашните газди? Или тоа на „нашиве“ не им е важно? Очигледно не е штом така брзо ги заборавија сите катастрофални политики на нивната власт, сите криминали и коруптивни афери, а она пак што сепак не можат да го избришат од меморијата се обидуваат да го префрлат на друг!

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Барселона зимава ќе се ослободи од двајца фудбалери од првиот тим

Следно

Баба заврши на суд: Добила тужба од ќерката поради фотографии на Фејсбук

Latest from Blog

Кочоска: Новиот буџет е основа за посилен раст и поголема доверба во институциите

Расправата по Дополнетиот предлог-буџет за 2026 година денеска започна во Собранието, при што министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска нагласи дека документот претставува „јасна економска порака за стабилност, доверба и развој“. Таа истакна

Брижит Макрон ги нарекува феминистките кои протестираат против силување „валкани ку*ви“

72-годишната сопруга на претседателот Емануел Макрон беше снимена како ги изговара навредливите зборови за време на посета на театар во неделата. Четири активистки од феминистичкиот колектив #AllofUs (#NousToutes) во саботата навечер го

ЕУ отвори антимонополска истрага против „Гугл“ поради користење содржини за својата вештачка интелигенција

 Истрагата се однесува на користењето онлајн содржини за генерирање резултати од пребарување преку вештачка интелигенција (ВИ), како и за употреба на видеата поставени на платформата „Јутјуб“ за тренирање на ВИ модели, јави

Орбан: Прашањата поврзани со миграцијата во фокусот на следните избори во Унгарија

Прашањата поврзани со миграцијата ќе бидат во фокусот на следните избори во Унгарија закажани за април 2026 година, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во разговор со новинарите за време на враќањето од
Go toTop