Николоски: Во декември избор на изведувач за Скопје–Блаце и Кичево–Букојчани

November 14, 2025
1 min read
Сериозни понуди и урамнотежен буџет

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, најави дека во декември се очекува да биде избран изведувач за автопатите Скопје-Блаце и Кичево-Букојчани. Според него, доколку временските услови дозволуваат, градежните активности ќе започнат веднаш, а во спротивно работата ќе се реализира напролет.

„Рокот за поднесување на понуди заврши, има поднесени доста понуди, заради тајност на постапката не можам да ја кажам бројката, но е доста голема. Има сериозни понуди и најмалку три од нив се во рамки на буџетот за Скопје – Блаце, а исто така има и три понуди за автпатот Кичево Букојчани. Многу значајно за Скопје -Блаце е тоа што успеавме да го вратиме проектот во нормала. Она што ние го наследивме беше 27 милиони евра по километар, што мислам дека сите ќе се сложат дека е неодржлива работа. Сега го вративме во рамки на договорената цена со ЕБОР, таму имаме 166 милиони евра кредит и 30 милиони евра грант, тука влегува и изведба на градежните работи, надзор и техничка помош за ЈПДП. Очекувам во првата половина од декември да избереме изведувач и во зависност од временските услови да ги воведеме во работа и таму е брз рокот 2,5 години.“

Продолжување на Коридор 8 и реконструкција на обиколницата

Николоски исто така најави дека се работи на целосна реконструкција и рехабилитација на обиколницата на Скопје, која оди од Арачиново кон Ѓорче Петров. Тој потсети и на напредокот на останатите автопати на Коридор 8:

„Работиме на Тетово-Гостивар нов автопат, одлично оди динамиката. Таму имавме одредени проблеми со рушење на одредени објекти, но и тоа се решава, се експроприра земјиштето. Понатаму работиме на Гостивар-Букојчани популарната Стража, проект кој што за мене е лична гордост, затоа што е доста тежок и комплициран инженерски проект. Од 33 км колку што е целата траса, првите 17 км се пробиени. Од пролет ќе почне да се работи од страната на Букојчани и ова ќе е прв автопат кој ќе се спојува на пола.“

Тој додаде дека во првата половина на декември се очекува пуштање во сообраќај на нови делници од автопатот Кичево-Охрид, што ќе го подобри поврзувањето на западниот дел на земјата и ќе ја зголеми безбедноста и комфорот на патувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Кина откри огромно наоѓалиште на злато

Следно

Дон Карло смета дека неговиот Бразил не е меѓу фаворитите на СП!

Latest from Blog

ТикТокерка се јавувала во цркви барајќи помош за да го нахрани бебето, еве што ѝ одговориле (ВИДЕО)

Во видеото од 31 октомври, Никали Монро ја објасни причината за нејзиниот социјален експеримент: „Всушност, ќе тестирам и ќе видам дали локалните цркви во мојата област сакаат да му помогнат на некој

Финансиски извештаи, кадровски промени и нови проекти – одлуките на денешната седница во Прилеп

Советот на Општина Прилеп на денешната трета седница ги усвои измените и дополнувањата на Буџетот за 2025 година, како и предлог-планот на развојните програми за периодот 2026–2028 година. На дневен ред беше
Go toTop