Почна амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

November 14, 2025
1 min read

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет почна амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2026 година.

Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, за Предлог-буџетот се поднесени над 100 амандмани.

На седницата е присутна и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која ќе го образложи Предлог-буџетот.

Вкупните приходи во Предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари или 650 милиони евра. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.

Министерката Димитриеска-Кочоска на 28 октомври, на прес-конференцијата во Владата, кога го презентираше Предлог-буџетот, истакна дека со него се опфатени сите клучни политики што ќе се спроведуваат во следниот период, со јасна цел – да се забрза економскиот раст и да се постигне постепена фискална консолидација.

Пленарната седница на која ќе се разгледува Предлог-буџетот за 2026 година, според најавите, е планирано да се одржи на 9 декември.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Македонско друштво “Илинден”-Тирана доби верски календари од Македонската православна црква – Охридска Архиепископија за Македонците во Албанија

Следно

Фактор кој е поважен дури и од љубовта во сите врски и бракови

Latest from Blog

Диди ќе остане в затвор еден месец подолго

Имено, проблематичната некогашна музичка ѕвезда требаше да биде ослободен на 8 мај 2028 година, но новиот датум на ослободување од Федералниот затвор во комплексот Форт Дикс во Њу Џерси, сега е 4

Ѓорѓиевски: Буџетот е консолидиран, Скопје добива нови проекти

Со еден глас против и еден воздржан, Советот на Град Скопје денес го изгласа ребалансот на Буџетот, кој, според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, претставува почеток на консолидацијата на финансиската состојба во градот и

Кина откри најголемо наоѓалиште на злато од 1949 година

Се проценува дека покраината Лиаонинг содржи 1.444 тони од овој скапоцен метал, а веста доаѓа во време кога цените на златото достигнуваат рекордни максимуми, објави „Еуроњуз“. Кинеското Министерство за природни ресурси официјално

Пиеракакис: Грција го поддржува воведувањето царини на мали пратки од трети земји

Грција целосно го поддржува предлогот на Комисијата за укинување на минималниот износ од 150 евра, со што ќе се овозможи воведување царини за пратки со мала вредност кои потекнуваат од трети земји
Go toTop