Вучиќ: Верувам дека односите меѓу Србија и Франција се посилни денес од кога било во поновата историја

November 14, 2025
1 min read

 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доцна синоќа оцени дека односите меѓу Србија и Франција се посилни од кога било во историјата и дека е убеден дека стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива, беше објавено на неговиот Инстаграм профил.

Вучиќ, во изјава за српски медиуми кои ја следеа неговата посета на Париз изјави дека имал тричасовен разговор со претседателот на Франција, Емануел Макрон, и дека е задоволен од средбата на која разговарале за „сите стратешки прашања“ што се очекуваат во наредниот период.

„Разговаравме за европскиот пат на Србија, дека можеме многу да направиме во следната година и тоа зависи од нас, но верувам дека расположението во Европската унија ќе биде такво што Србија ќе може да го постигне тој напредок“, рече Вучиќ.

Тој рече дека разговарале за сите билатерални прашања, заеднички инвестиции, инвестиции во Србија, соработка во областа на вештачката интелигенција.

Вучиќ додаде дека Србија купува суперкомпјутер од Французите, кој ќе биде многу вреден и единствен од таков вид во Југоисточна Европа.

На 15 декември, Србија ќе го потпише конечниот комерцијален договор за изградба на првата метро линија со француската компанија Алстом, рече Вучиќ.

„За две и пол години ќе ја имаме првата метро линија…Белград конечно ќе добие метро“, рече тој.

Тие разговараа и за воено-техничката соработка, можноста за монтирање хеликоптери Ербас во Србија.

Тој рече дека разговарале и за геополитичката ситуација и дека го информирал Макрон за моменталната состојба во врска со НИС и изјавил дека српската делегација денеска ќе има средби со Американците.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Црвениот картон на Кристијано Роналдо е најлошо сценарио за Португалија

Следно

Битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ влезе во елитното семејство Label France Education

Latest from Blog

Прочитајте кои 29 репрезентации обезбедија место на Светското првенство

Бројот на учесници на Светското првенство во 2026 година полека се зголемува. Од 48-те репрезентации што ќе учествуваат на Светското првенство следното лето, досега се познати 29 учесници. Само две од Европа,

Димитриеска-Кочоска: Секој денар е планиран за максимален ефект за граѓаните

Предлог-буџетот за 2026 година ја потврдува посветеноста на Владата кон стабилноста, предвидливоста и одговорното управување со јавните финансии. Овој буџет не е само документ со бројки и табели – тој е економска

Се урна хеликоптер во Италија, загина пилотот

Најмалку едно лице загина во пад на хеликоптер утрово во Италија, во близина на Касалромано, општина во покраината Мантова. Земјоделец кој се нашол на местото на несреќата, пријавил во полиција. Хеликоптерот паднал

Продановски оствари средба со амбасадорите на Германија и Франција во Прилеп

Денес, во Општина Прилеп, градоначалникот Дејан Продановски оствари важна протоколарна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер, и амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристоф Ле Риголер. На средбата
Go toTop