Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Анчелоти, по којзнае кој пат откако ја обавува оваа функција беше запрашан околу ситуацијата со Нејмар и неговото мислење за легендарниот фудбалер.
„Воопшто не ми пречат прашањата околу Нејмар. Тој е легендарен играч во Бразил и тука нема ништо спорно. Искрено, сите сакаат Нејмар да се врати во врвна физичка форма. Бразилската фудбалска федерација (CBF), тренерот, техничкиот штаб на репрезентацијата и играчите се надеваат дека Нејмар ќе се врати во врвна форма. Вистината е дека денешниот фудбал бара многу работи. Не само талент, туку и физичка подготвеност, интензитет… Се надевам дека Нејмар е во својата најдобра форма“, – рече Анчелоти на темата Нејмар и евентуалното негово враќање во националниот тим.
Извор: vecer.mk


