Брза пруга Скопје–Солун како нова туристичка и економска шанса, вели Николовски

November 12, 2025
2 mins read

Во подготовка сме за градење на брза пруга од Скопје до Солун, на вчерашната седница на Владата усвоена е одлука за урбанистичко решение на локалитетот Стоби, се отвараат нови винарии во Тиквешијата. Целта ни е да ја олесниме и изградбата на нови хотели и  да ги задржиме туристите кои транзитираат низ Коридорот 10 или официјално Е-75, порача денеска вицепремиерот и министер за траснпорт и врски  Александар Николоски на панел дискусијата во рамките на конференцијата „ Е 75 –Основа за развој на креативен туризам и негова одржливост“.

На панел дискусијата се обрати и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков кој истакна дека Е-75 ги поврзува северот со југот, градовите со малите заедници, луѓето со нивните соништа. Но, како што рече, прашањето е дали навистина го гледаме потенцијалот што се крие по овој автопат.

-Јас сум убеден дека секој километар од овој пат носи во себе можност за нова соработка, ново партнерство и нов развој. Секое мало место, секој локален занает, секој ресторан или кафуле што со гордост ја раскажува својата приказна се дел од една поголема слика, туристичка приказна што може да ја раскажеме надвор од границите на нашата земја. Тоа е нашата автентичност, нашата сила и нашата шанса. Замислете турист кој застанува во едно од тие места, пробува локален специјалитет или дегустира некоја автохтона сорта вино, разговара со занаетчијата и продолжува понатаму во добро расположение. Тоа е вистинската моќ на Е-75 – да ги поврзе луѓето и да отвори нови можности, рече Љутков.

Министерот за култура и туризам посочи дека за да го претвориме овој потенцијал во успешна приказна, потребно е да се размислува пошироко, односно како да се интегрираме туристичката понуда по должината на автопатот или како да се создаде синергија меѓу транспортот и туризмот.

– Зашто само кога патувањето станува доживување, а движењето инспирација, можеме да зборуваме за вистински креативен и одржлив туризам. Во тој контекст беше и работилницата за развој на креативен туризам што се одржа во текот на вчерашниот ден, од која произлегоа идеи за начините како домаќинствата во руралните и во урбаните средини да ја збогатат својата туристичка понуда. Тоа е нашата цел – да создадеме Коридор каде што инфраструктурата и туристичката понуда се дел од истата приказна,  бидејќи креативниот туризам не е само посета на музеј или археолошки локалитет, тој е учество, интеракција, споделување на културата и традицијата, посочи Љутков.

Тој додаде дека целта на настанот е да се  разменат идеи, да се  поттикнат партнерства и да се најде заеднички начини за Е-75 да отвори конкретни можности за локалниот развој, за нови бизниси, за културна и гастрономска размена; за секоја општина, секој град и секоја локална заедница по должината на  овој автопат да може да ја препознае својата уникатност и да ја претвори во туристичка вредност за поврзување на локалните производители, угостители, занаетчии и институции во заедничка понуда што ќе ја прикаже  нашата земја на еден нов, автентичен начин.

-Знаете, транспортот и туризмот се две страни на една монета затоа што транспортот може да ја носи економијата, но туризмот ја носи душата на едно место. А кога овие две сили ќе се здружат, тогаш се создава одржлива енергија што го движи целиот регион напред, потенцира Љутков.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Гумен чамец со мигранти потона кај Либија – загинаа 42 лица

Следно

Државата им подготви вртоглави парични награди за плеј-оф, но тоа не е ништо ако одат на СП

Latest from Blog

Лажни дипломи во Црна Гора: Поднесени 66 обвиненија, експертите предупредуваат на „селективна правда“

Во Црна Гора од почетокот на 2025 година се поднесени вкупно 66 обвиненија поради сомнежи за фалсификувани дипломи за завршено образование, што претставува речиси двојно зголемување во споредба со минатата година, јави

Гарсија и Рафиња се враќаат по паузата

фото: FC Barcelona (X) Добри вести за тимот на Барселона. По паузата, тимот ќе биде посилен за голманот Жоан Гарсија, како и со капитенот Рафиња, откако и обајцата се опоравија од повредите.

Американските акции пораснаа, поттикнати од повторното зголемување на вредноста на технолошките компании

Американските акции беа во позитива на почетокот на денешното тргување, поттикнати пред сè од обновениот раст на вредноста на технолошките компании. Акциониот индекс Dow Jones порасна за 104 поени, или 0,2 проценти,

Конференција „Западен Балкан 2030“: Дигитализацијата е клучот за соработка во регионот и за нејзината одржливост

Учесниците на панелот „Дигитализација и модернизација – паметни економии, посилен регион“, што се одржа во рамките на годишната конференција „Западен Балкан 2030“ во Белград, денеска оценија дека дигитализацијата е клучот за соработка
Go toTop