Коњановски: Зимската служба подготвена за навремено реагирање во сите услови

November 12, 2025
1 min read

Во пресрет на зимската сезона, во Општина Битола се одржа координативен состанок со сите институции и претпријатија вклучени во Зимската служба. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски, секретарот на општината Борче Димитровски, раководителката на Одделението за комунални дејности Марјана Спасевска, како и претставници на јавните претпријатија, СВР Битола и други надлежни субјекти.

На средбата беше презентирана програмата за работа на Зимската служба за сезоната 2025–2026 година, која ќе биде разгледана на следната седница на Советот на Општина Битола.

Како што истакна градоначалникот Коњановски, целта на навремената подготовка е да се обезбеди максимална ефикасност и брза реакција при зимски услови.

„Со добро организирана структура, јасно дефинирани обврски и координација меѓу сите институции, сакаме да обезбедиме непречено функционирање на сообраќајот и навремено расчистување на улиците во текот на зимата“, рече Коњановски.

Координацијата на сите активности ќе ја врши посебно формирано Координативно тело, составено од претставници на Комисијата за јавни комунални дејности на Советот на Општина Битола, општинската администрација, Општинскиот инспекторат, јавните претпријатија, СВР Битола и Дирекцијата за заштита и спасување.

Од Општина Битола нагласуваат дека навременото организирање и планирање на интервенциите е клучно за подготвеноста на градот во зимски услови и за безбедноста на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Долниот дом на парламентот на Казахстан усвои закон за забрана на ЛГБТ пропагандата

Следно

Ендрик е поблиску до рестарт во Франција, Реал го дава на позајмица

Latest from Blog

Ангел Коруновски со изложбата „Летаргија“ се претстави во Њујорк

Тој се претстави со негови дела, цртежи во дигитална графика Велешкиот уметник,  скулпторот Ангел Коруновски имаше изложба во Њујорк, насловена „Летаргија“. Тој се претстави со негови дела, цртежи во дигитална графика.  Концептот

Општина Пробиштип организира јавни консултации за заштита на природата и управување со отпад

Општина Пробиштип ги поканува сите засегнати страни и граѓани да учествуваат на јавни консултации за Регионалниот систем за управување со отпад и Стратегиската оцена на влијанието врз животната средина за Источниот и

AI GEMINI следи се на GMAIL? Tужба за следење во САД

Гугл се соочува со нова тужба во која се обвинува дека го користи својот асистент за вештачка интелигенција Gemini за нелегално следење на приватните комуникации на корисниците на Gmail, Chat и Meet.

Романија: Премиерот Боложан ги претстави приоритетите за економијата и безбедноста пред амбасадорите на ЕУ

Романскиот премиер Илие Боложан денеска ги претстави приоритетите во сферата на економијата и безбедноста на средба со шефовите на дипломатските мисии на земјите членки на ЕУ и на Европската комисија, организирана во
Go toTop