Долниот дом на казахстанскиот парламент денес усвои закон со кој се забранува ЛГБТ пропагандата на интернет или во медиумите, кој предвидува парични казни и до 10 дена затвор за повторени прекршители.
Законот, кој наликува на прописите усвоени во земји како Русија, Грузија и Унгарија, сега ќе биде доставен до Сенатот на Казахстан, каде што веројатно ќе биде усвоен, објави Ројтерс.
Казахстанскиот претседател Касим-Џомарт Токаев, чиј потпис е потребен за предлогот да стане закон, во последните месеци постојано ја нагласуваше потребата од зачувување на она што тој го нарекува „традиционални вредности“.
Организациите за човекови права предупредија дека законот не треба да се донесе.
Меѓународното партнерство за човекови права, со седиште во Белгија, соопшти дека тоа „јасно би ги прекршило меѓународните обврски на Казахстан за човекови права“.
Извор: tv21


