Меси: Не ја напуштив Барселона онака како што сонував

November 12, 2025
2 mins read

Аргентинската суперѕвезда Лионел Меси уште еднаш призна дека неговото заминување од неговиот долгогодишен клуб Барселона не поминало онака како што замислувал. Тој зборуваше и за неговиот неуспешен период во Пари Сен Жермен, за неговиот сегашен престој во Интер Мајами и за претстојното Светско првенство во 2026 година.

„Останав со чудно чувство откако ја напуштив Барселона поради тоа како се одвиваа работите и како ги играв последните години таму без навивачи поради пандемијата. Откако бев таму целиот мој живот, не заминав онака како што го замислував и како што сонував. Замислував како ќе ја играм целата моја кариера во Европа и Барселона, а потоа ќе дојдам во Соединетите Држави, што и го направив, бидејќи тоа беше мојот план и мојата желба. Моето збогување беше исто така малку чудно поради ситуацијата и сè што се случи. Сепак, мислам дека секогаш ќе ја имам љубовта на луѓето поради сè низ што поминавме заедно. Поминав 16 години сам во првиот тим, а вкупно поминаа 20-21 година откако пристигнав во Барселона кога имав 12-13 години. Значи, тоа е долго време и многу работи се случија во мојот живот. Значи, секако, секогаш ќе има таа љубов“, рече Меси.

Тој вели дека е многу тешко да го издвои насреќниот момент во дресот на Барселона.

„Тешко ми е да го одредам мојот најсреќен момент во Барселона. Фала му на Бога, имав среќа да доживеам многу од нив. Не знам, генерално кога зборуваме за радост, мислиме на трофеи, успеси и нашите големи достигнувања. Шестката со Пеп Гвардиола беше исклучителна, како и триумфот во Лигата на шампионите со Луис Енрике. Не знам, тешко е да се одбере само еден момент. Освен триумфите, горд сум што бев дел од овој клуб. Дојдов како момче, пораснав и го поминав целиот живот во Барселона. Му благодарам на Бога што ме донесе на ова место кога бев дете. Таму се родија и моите деца. Пристигнав како дете, пораснав и го поминав целиот живот таму. Значи, има многу работи што ми ги прават клубот и градот драги“.

Меси истакна дека времето во ПСЖ не било вистински пекол, но не се чувствувал добро во таа среда.

Се чини дека времето поминато во Париз беше како пекол за мене, но не беше. Кога велам дека не се забавував добро таму, тоа е затоа што не се чувствував добро за време на тренинзите и натпреварите. Но, и покрај тоа, вистината е дека имавме многу добро искуство како семејство. Градот е прекрасен и уживавме во него. Тоа беше прв пат да ја напуштиме Барселона и сè беше ново за нас. Но, вистината е дека не се чувствував добро во секојдневниот живот со она што… Тука во Мајами, добро ни е, уживаме во градот и во секојдневниот живот. Мојот живот тука е многу сличен на оној во Барселона: базата на клубот е во близина, како и детското училиште, и сè ни е на дофат на раката. Живееме надвор од градот, а вистината е дека Мајами е прекрасен, но сообраќајот е доста густ“. 

Аргентинецот не криеше дека е возбуден за Светското првенство, тој ќе стори се за да биде во одлична форма.

„Секако дека сум возбуден за претстојното Светско првенство. Посебно е да се игра за репрезентацијата и на важни турнири. Знаеме што значи Светското првенство, особено затоа што сме актуелни шампиони. Сепак, не сакам да бидам „товар“. Сакам да се чувствувам добро физички и да бидам сигурен дека ќе можам да помогнам и „придонесувам за тимот“. Сезоната тука е различна од онаа во Европа. Затоа ќе одиграм само неколку натпревари пред Светското првенство. Затоа ќе следам секој ден дали се чувствувам добро физички, дали сум во кондицијата во која сакам да бидам и дали можам да учествувам. Секако, ми е јасно дека Светското првенство е посебно и дека е најголемиот можен турнир. Затоа сум возбуден, но го прифаќам тоа ден по ден“, рече Меси во своето обемно интервју за „Спорт“.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Трамп најави тужба поради контроверзен документарец

Следно

Ристовски: Ќе продолжиме да ги поддржуваме младите спортски таленти на Македонија

Latest from Blog

Брза пруга Скопје–Солун како нова туристичка и економска шанса, вели Николовски

Во подготовка сме за градење на брза пруга од Скопје до Солун, на вчерашната седница на Владата усвоена е одлука за урбанистичко решение на локалитетот Стоби, се отвараат нови винарии во Тиквешијата.

Гумен чамец со мигранти потона кај Либија – загинаа 42 лица

Се претпоставува дека 42 лица загинале при потонувањето на гумен чамец што превезувал десетици мигранти покрај либискиот брег, соопшти денес Агенцијата на ОН за миграција (ИОМ), додавајќи дека седум лица се спасени.

Орце Ѓорѓиевски најави инфраструктурен бран и нови паркови низ Скопје

Во општина Бутел денес официјално започна изградбата на мега паркот, проект што го означува стартот на реализацијата на првите ветувања од програмата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. На настанот присуствуваше и

ДАЛИ СТЕ ВО ВРСКА СО НАРЦИС? Ако забележите дека вашиот партнер се однесува вака, тоа значи дека е време да раскинете!

Доколку досега сте биле заслепени од убавината на партнерот од која сигурно и тој бил заслепен, време е да ги отворите очите. Дали вашиот партнер е нарцис? Врската функционира одлично сè додека
Go toTop