Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

November 12, 2025
1 min read

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и 191/18), и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“бр.70/19, 98/19, 302/20, 122/21, 33/24, 208/24 и 193/25), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска опрема на моторните возила се подразбира:
За моторни возила кои не надминува 3.500 кг.:
– зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;
– пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
За моторни возила со погон на четири тркала (4×4):
– зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;
– пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

За моторни возила кои надминува 3.500 кг:
– зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.
– пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;
– автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.
Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.
Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Пет историски лаги во кои луѓето веруваат и ден-денес

Следно

Од вчера почна да делува ретрограден Јупитер: Што му носи на вашиот хороскопски знак?

Latest from Blog

ИЕА: Глобалната побарувачка за нафта и гас може да расте до 2050 година

Глобалната побарувачка за нафта и гас може да расте до 2050 година, соопшти денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), отстапувајќи од своите претходни очекувања за брз премин кон почисти горива и предвидувајќи

Коњановски: Зимската служба подготвена за навремено реагирање во сите услови

Во пресрет на зимската сезона, во Општина Битола се одржа координативен состанок со сите институции и претпријатија вклучени во Зимската служба. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски, секретарот на општината Борче Димитровски,
Go toTop