Орце Ѓорѓиевски: Подадена рака кон сите граѓани за модерно и европско Скопје

October 16, 2025
1 min read

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје, ги повика граѓаните на обединување и акција за развој на градот, нагласувајќи дека неговата визија е Скопје да биде општина за сите, без разлика на етничка, верска или партиска припадност.

„Мојата рака е подадена кон сите – Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Власи, Срби и сите кои го сакаат Скопје“, порача Ѓорѓиевски пред жителите на општина Сарај, која ја опиша како вистински бисер на главниот град.

Кандидатот истакна дека неговата цел е да работи подеднакво за секој човек, во секоја општина и маало, додавајќи дека поделбите се минато и дека иднината на градот е поважна од секоја разлика.

Ѓорѓиевски претстави конкретни проекти за Сарај, меѓу кои уредување на кејот на Вардар со пешачки и велосипедски патеки, изградба на монтажен паркинг кај Матка, ново осветлување на Горна Матка и изградба на канализациона мрежа во Долна Матка. Главната улица ќе биде реконструирана, а патот до браната Матка ќе се рехабилитира за полесен и побезбеден пристап до центарот и другите општини.

Ѓорѓиевски истакна дека неговата програма „Визија за Скопје 25/45“ предвидува и завршување на клучните сообраќајни проекти, како клучката „Момин Поток“ и изградба на новите булевари „Хрватска“ и „Цветан Димов“, како и развој на културните и туристичките локалитети во градот, вклучувајќи го Скопското Кале и Старата чаршија.

„Скопје е богато токму поради различноста на неговите култури, традиции и јазици. Албанската, македонската, турската, ромската и бошњачката култура се дел од нашиот мозаик што нè прави уникатни и посилни“, порача Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека како градоначалник ќе ги негува и промовира овие вредности.

Кандидатот ги повика граѓаните масовно да излезат на изборите и да дадат мандат за реализација на проектите уште од првиот ден, нагласувајќи дека време е за работа, за почит и за заедништво.

„Да изградиме мостови на соработка, а не ѕидови на недоверба. Да работиме за развиено, европско и просперитетно Скопје – за иднината на нашите деца и за сите нас“, заклучи Ѓорѓиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во тек телефонски разговор меѓу американскиот и рускиот претседател

Следно

Коњановски доби силна поддршка од ромската заедница

Latest from Blog

Силен земјотрес ја погоди границата меѓу САД и Канада

Силен земјотрес со магнитуда од 7,0 степени ја погоди оддалечената област на границата помеѓу американската држава Алјаска и канадската територија Јукон во неделата. Не е издадено предупредување за цунами, а официјалните лица

Интервју на МИА со кардиохирургот Колев: 30-45 минути пешачење за 50 отсто ви ја намалува опасноста да завршите на кардиохиругија

Во интервјуто со д-р Александар Колев, кардиохирург од Универзитетската клиника во Скопје, разговаравме и за проблемот што ги заплашува многу родители чии деца имаат отвор меѓу двете преткомори на срцето, а и

УЈП: 2.500 казни за неиздавање фискални сметки – 113 фирми со забрана за работа

Управата за јавни приходи (УЈП) ја информира јавноста дека во следниот период, а во пресрет на новогодишните празници, ќе се спроведуваат засилени и проширени контроли на евидентирањето на готовинскиот промет. Фокусот ќе
Go toTop