Денеска во Битола се одржа завршниот настан на Швајцарската програма за поддршка на изборите, спроведена од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), на кој присуствуваше и градоначалникот Тони Коњановски.

Во своето обраќање Коњановски истакна дека главниот фокус е изградбата на нова тартан патека во градскиот парк, проект кој ќе донесе нови можности за спорт, рекреација и здрав живот за граѓаните на Битола.
На настанот свое обраќање имаше и Борче Димитровски, секретар на Општина Битола, кој ја нагласи важноста од ваквите проекти што директно придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот во локалната заедница.

Со оваа инвестиција, Битола добива современа спортска инфраструктура која ќе биде на располагање за сите генерации.