Почина помошник-директорот на Царинската управа, Марјан Тасевски

August 8, 2025
1 min read

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот Фејсбук профил објави дека починал помошник-директорот на Царинската управа, Марјан Тасевски.

Како што вели, тој е исклучителен професионалец, скромен и посветен човек, кој до последен момент бил посветен на работата.

„Со голема тага се простуваме со голем професионалец, помошник директор на Царинската управа, Марјан – смирен, скромен и посветен, кој секогаш работеше со срце и знаење. Неговото ненадејно заминување е голема загуба и за институцијата и за сите нас кои го познававме“, напиша министерката.

Во својата порака, таа истакна дека Тасевски до доцна во ноќта работел на последните измени на Уредбата за спроведување на царинскиот закон, покажувајќи исклучителна професионалност и посветеност.

„Ќе го паметам како тивок човек кој имаше свој став и не отстапуваше. Како што тивко влегуваше во мојот кабинет, така тивко и не напушти“, напиша таа.

Министерката Димитриеска-Кочоска изрази искрено сочувство до семејството на Марјан Тасевски, истакнувајќи дека ја губиме личност со знаење, искуство, став и достоинство.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со амин од Владата во Студеничани воскресна познатиот балист и соработник на фашистичкиот окупатор за време на втората светска војна, Азем Морана

Следно

Палестинскиот претставник во ОН: „Должност на меѓународната заедница е да дејствува“ за плановите на Израел за окупација

Latest from Blog

Гурабии со бадеми

Гурабиите се едни од најомилените домашни колачиња – кревки, миризливи и совршени покрај шолја кафе или чај. Оваа варијанта со лешници им дава уште побогат вкус и убава структура. Подготовката е едноставна.

Нови стипендии за втор и трет циклус на студии по македонски јазик

По воведувањето на стипендии за стимулирање на средношколци за упис на прв циклус на студии по македонски јазик за тековната академска година, Министерството за образование и наука годинава исто така за прв

Подготовки за зима: Општина Битола инвестира 17 милиони денари во зимска опрема и услуги

Општина Битола ќе вложи 17 милиони денари за функционирање на зимската служба во претстојната сезона. Од вкупната сума, 15 милиони денари се наменети за градежна оператива, додека два милиони денари ќе бидат
Go toTop