Над седум илјади евакуирани во Јужна Кореја поради поплавите, уште едно лице се води како исчезнато

July 19, 2025
1 min read

Повеќе од седум илјади луѓе се евакуирани во Јужна Кореја поради поплавите предизвикани од поројните дождови кои четврти ден по ред врнат во земјата.

Цели стада добиток стојат во водата, пренесуваат светските агенции. Четири лица го загубија животот, а уште едно лице се води како исчезнато.

До синоќа  2.816 лица од повеќе од 7.000 евакуирани неделава се уште не можат да се вратат во своите домови.

Во јужниот дел од земјата, дождот достигна рекордни 500 милиметри.

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе-мјунг, кој вети дека ќе ја зајакне улогата на владата во спречувањето и реагирањето при катастрофи, рече дека иако природните катастрофи се тешки за спречување, може да се направи повеќе за да се предвидат штетите и да се предупреди јавноста.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27

Следно

Парите влегуваат тешко: Apple Pay доаѓа, но македонските хонорари остануваат заглавени

Latest from Blog

Четврти ден гори и во струмичко Василево

Четврти ден гори и во струмичко Василево. Се интервенира и од воздух, а од „Македонски шуми“ велат дека се изгорени илјадници хектари шума… Со натчовечки напори, огнот се држи под контрола. Извор:

Цената на становите во Тетово од 1200 до 1700 евра – расте бројот на барања за станбени дозволи во полошкиот регион

Во Полошкиот регион се гради со засилено темпо. Според податоците на Државниот завод за статистика, само во мај побарани се 146 градежни дозволи. Во Општина Тетово, во текот на 2025 година има

Шест лица и едно дете пренесени на Клиниката за токсикологија по пожар во стан во Скопје

По пожар во стан, шест лица и едно дете поради зашеметеност од чад и болки во градите вчера биле пренесени на Универзитетска клиника за токсикологија. Како што се наведува во денешниот МВР-билтен,

Дополнитела воздушна поддршка за гаснење на пожарот помеѓу Желино и Еребино, затворен регионалниот пат Тетово – Скопје

Во гаснење на пожарот помеѓу Желино и Еребино, со кој се зафатени сува вегетација и грмушки, од 16 часот ќе бидат вклучени два авиона „Ер трактор“, најави Дирекцијата за заштита и спасување. 
Go toTop