ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27

July 19, 2025
1 min read

Во изминатото деноноќие изгаснати се 27 пожари на отворен простор, а четири се ставени под контрола. Активни пожари има во село Нивичино, општина Василево, во село Грешница, општина Македонски Брод, меѓу прилепските села Царевиќ и Смолани и во село Виштица, општина Липково.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е ставен пожарот во општина Велес, кај селата Џидимирци – Крушје –  Иванковци, во село Николиќ, општина Дојран, во општина Демир Хисар, кај градската депонија и во општина Македонски Брод, кај селата Црешнево, Локвица и Крапа.

По три пожари се изгаснати во општините Ранковце и Куманово, а два во општина Липково. Изгаснати се пожарите и во општините Старо Нагоричане, Кратово, Јегуновце, Теарце, Тетово, Свети Николе, Битола, Карбинци, Штип, Делчево, Росоман…

Во општина Аеродром изгаснат е пожарот на улица „Гаврил Константиновиќ“, каде гореше ниска вегетација, во општина Гази Баба – кај стрелиште Камник, во општина Сарај – крај Вардар, а во општина Бутел – населба Визбегово. Во општина Ѓорче Петров се изгаснати два пожара, на влезот во населбата Ѓорче Петров и на улица „Васил Чакаларов, во општина Илинден, кај индустриската зона.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Американскиот претседател Трамп најави ослободување на уште 10 заробеници од Газа

Следно

Над седум илјади евакуирани во Јужна Кореја поради поплавите, уште едно лице се води како исчезнато

Latest from Blog

Пендаровски: Сметам дека Милошевиќ го нарачал атентатот врз Киро Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во интервју за албанската „Лајм ТВ“, оцени дека денешната политичка клима е „најнестабилна по 2001 година“, но јавноста ја возбуди неговата изјава за несреќниот 3 октомври 1995 година – денот кога експлозија насочена кон

Пеколно неделно утро: Балканот влегува во нов топлотен бран

Во текот на неделата, 20 јули 2025, целиот Балкан ќе биде под влијание на топол, сув воздушен бран што ќе донесе екстремни температури и локални грмежливи развојни облаци. Државните метеослужби веќе издадоа „портокалови“ и

Е.Пелистер го најави најважниот потпис оваa лето

Е.Пелистер го најави најважниот потпис ова лето. Клубот од Битола и капитенот Филип Кузмановски постигнаа согланост за нов договор и капитенот на македонската репрезентација со траката на раката ќе го предводи битолскиот
Go toTop